Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Нора Алити на Годишната конференција на Македонска берза: На пазарот на капитал ќе важат европските правила

27 сеп. 2023 г.·2 мин читање·3564 прегледи

Следете не на Viber

Комисијата за хартии од вредност годинава интензивно работеше на финализацијата на текстовите од законите за финансиски инструменти и за проспект и обврски за транспарентност на издавачите. Се очекува  набрзо новата регулатива за пазарот на капитал, која ќе биде со одложена примена, да се најде во собраниска процедура. По  усвојувањето на законите, во текот на 18 месеци ќе се изработува подзаконската регулатива и ќе се врши усогласување во работата, посочи претседателката на КХВ, Нора Алити, во обраќањето на 22. Годишна конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид.

„Ни претстои обемна правна реформа која овозможува да имаме исти правила за инвеститорите и за пазарните учесници со правилата на земјите членки, засилена правна заштита и поголема транспарентност“, нагласи Алити.

Значајно е што Комисијата ќе добие нови, сеопфатни овластувања, какви што имаат европските регулаторни тела, со цел поефикасно справување со предизвиците од широкиот опсег на услуги и активности, предвидени со новата регулатива.

„Несомнено, со модернизацијата на регулативата правиме голем исчекор во правец на ЕУ интегрираноста на нашиот пазар на капитал. Тоа е патот на успехот. За да го постигнеме, неопходно е да ја осигураме евро-перспективата на земјата, како најсилна гаранција за економскиот развој“.

Сепак, потенцира, најважна е довербата на инвеститорите и интегритетот на пазарот. „Довербата и интегритетот не можат да се постигнат во изолација, само со законите и со правилата. Само доколку секоја компонента на екосистемот на пазарот на капитал – почнувајќи од инвеститорите, експертите, полиси-мејкерите, регулаторот, овластените  пазарни учесници, давателите односно провајдерите на пазарната инфраструктура,  котираните компании и другите, работиме колективно и заеднички, тогаш ќе  го постигнеме тоа“.

Ова, како што укажа, е особено важно во „вакви интересни времиња“, во кои пандемијата, геополитичките тензии и војната, зголемената инфлација, дестабилизирачките структури…  „можат  да направат на моменти да почувствуваме дека работите одат од лошо на полошо“. Но, додаде, „иако кризите неизбежно ќе не направат risk averse, не можеме да дозволиме факторот на страв да ја поткопа довербата, интегритетот и потенцијалот на нашиот пазар за издржливост и раст“, децидна е претседателката на КХВ, Нора Алити.

 

 

Клучни зборови

  • Комисија за хартии од вредност
  • Македонска берза
  • Нора Алити
  • Пазар на капитал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk