Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Не доаѓајте во банка. НЛБ ќе ви ја достави на домашна адреса

19 авг. 2020 г.·2 мин читање·146 прегледи

Следете не на Viber

Скопје вчера соопшти дека на сите клиенти физички лица, кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард банка – Скопје и примале плата и пензија им нуди можност за брз и едноставен пренос на истата во НЛБ банка.

„Клиентите кои ја примале својата плата или пензија во Еуростандард банка, ќе можат да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка и да ја префрлат својата плата/пензија само со достава на важечки документ за лична идентификација. Исто така, за пензионерите се нуди единствена можност за достава на пензијата на домашна адреса“, се вели во извесстувањето на интернет страницата на НЛБ банка.

Притоа, од НЛБ банка додаваат дека на клиентите им стојат на располагање и повеќе производи – така на примателите на пензија на располагање е Сребрениот пакет, додека клиентите приматели на плата можат да го користат Виолетовиот пакет, во рамките на кои се овозможува дозволено пречекорување на трансакциска сметка, со можност за пречекорување до 2 пензии односно 2 плати, како и кредитни картички Visa Mastercard без членарина за користење за првата година (со лимит до 3 пензии односно 3 плати распределени на сите кредитни картички по желба на клиентот, како и бесплатни дополнителни картички).

Исто така банката нуди и широка палета на кредити, можност за рефинансирање на постоечки кредити, и депозитни продукти, потоа на располагање се НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик eлектронското банкарство, можност за користење на трајни налози за плаќање на редовни месечни трошоци, обврски по основ на картички, кредити и тн.

Клучни зборови

  • банкарство
  • достава
  • Достава до дома
  • НЛБ банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk