Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка по повод месецот на штедење најави голема хуманитарна акција и едукативни содржини за најмалите

27 сеп. 2019 г.·2 мин читање·849 прегледи

Следете не на Viber

Никогаш не е прерано да започнете со конкретни активности за да ги едуцирате вашите деца за важноста и придобивките од штедењето. Доколку не сте знаеле, ве потсетуваме дека октомври е месецот на штедење, а НЛБ Банка, традиционално по осми пат, го организираше НЛБ Денот наменет за најмалите, со што и официјално го отвори НЛБ Месецот на штедење.

Во рамките на НЛБ Месецот на штедење, Банката организира ликовен натпревар за деца на возраст од 5 до 15 години на тема: „Штедење и астрономија“. Сите деца кои имаат инспирација и желба да земат учество можат да ги постават своите цртежи на веб страницата отворена за оваа намена: stedenje.nlb.mk или пак да ги донесат директно во некоја од експозитурите на НЛБ Банка. За секој цртеж Банката ќе донира по 200 денари, а средства потоа ќе се наменат за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Натпреварот е отворен до 25 октомври 2019 година.

„Секојдневно сме опкружени со искушенијата да трошиме, сите сме дел од конзумеризмот, и токму затоа, сметаме дека едукацијата за потребите, навиките и начините на штедење треба да биде важен дел од образованието кај децата. И оваа година НЛБ Месецот на штедење, го отворивме со НЛБ Денот, преку забавно-едукативен настан специјално организиран за најмалите. Би рекле дека ова е еден од најведрите и најпозитивните настани кој секогаш со нетрпение го очекуваме. Продолжуваме во текот на целиот месец со забавни активности за штедење и ќе посетиме многу училишта и градинки. Ја користиме оваа можност да ги повикаме сите деца да земат учество на ликовниот конкурс и да не поддржат во намерата да собереме што повеќе цртежи за да донираме повеќе парични средства за подобрување на условите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје“, изјавија од НЛБ Банка.

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

Месецот на штедење ќе биде заокружен со организирање на најголемата и најубавата изложба на сите пријавени и наградени детски цртежи.

Клучни зборови

  • натпревар
  • НЛБ банка АД Скопје
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk