Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НИТУ ДА ГО ЈАДАТ, НИТУ ДА ГО ФРЛАТ: Шведскиот град Малме не знае како да ликвидира 2.260 тегли со Нутела, на која не ѝ се знае потеклото

30 сеп. 2025 г.·2 мин читање·1151 прегледи

Следете не на Viber

Колку време би било потребно за да се изеде содржината од 2.260 тегли Нутела? И колку луѓе би биле потребни? Агенцијата за животна средина на шведскиот град Малме со месеци се справува со вакви прашања. По случајно откритие во магацин, повеќе од 2.000 тегли Нутела сега стојат на палета – и не смеат ниту да се продадат, ниту едноставно да се фрлат.

Според градските власти на Малме, теглите биле пронајдени минатото лето, кога инспекторите за храна всушност проверувале нешто друго во магацинот. Бидејќи не можело да се пронајде и утврди потеклото на теглите со Нутела, на фирмата во чијшто магацин се најдени не им беше дозволено да се продаваат.

Но, проблемот настапи со спроведувањето на одлуката за фрлање на Нутелата. Шведските закони не дозволуваат Нутелата да се фрли сосе теглите. На кремот од чоколадо и лешник не можело да се пронајде потеклото и затоа не смее да се продава во Шведска, но администрацијата не смее, според законот, да ги отстрани теглите додека не се испразни содржината.

Кој ќе го вади густиот чоколаден крем од теглите со лажица?

Од почетокот на 2024 година, закон во Шведска бара содржината на повеќето прехранбени производи да се отстрани пред фрлање. И секој што некогаш се обидел брзо да испразни тегла кремаста Нутела знае колку може да биде здодевно ова. Власта „нема ниту услови ниту капацитети за спроведување на ова одвојување“, изјави за  шведскиот весник Сидсвенскан, Арвид Нордланд, раководител на Администрацијата за животна средина.

Агенцијата сега се обидува да ја натера владата да го ревидира законодавството. Според Нордланд, исклучокот не е правилен пристап во овој случај – агенцијата за животна средина тогаш би морала самата да го одобри, што во секој случај не е можно.

Клучни зборови

  • закон за заштита на животната средина
  • Малме
  • Нутела
  • Шведска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk