Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НИС БЕЗ ЛИЦЕНЦА: Рафинеријата во Панчево запира, Србија бара итни решенија

1 дек. 2025 г.·4 мин читање·2067 прегледи

Следете не на Viber

Србија се соочува со една од најпосериозните енергетски кризи во последната деценија. Рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија во Панчево, клучна за домашното снабдување со нафта и деривати, од вторник ќе ја прекине работата доколку САД не издадат лиценца што би ѝ овозможила на компанијата да продолжи со функционирањето. Одлуката на Вашингтон произлегува од санкциите што се активираа на 9 октомври и кои ја таргетираат руската сопственичка контрола врз НИС, а целта е ограничување на руските приходи што би можеле да се користат во војната во Украина.

Претседателот Александар Вучиќ во последните денови отворено зборува за драматичноста на ситуацијата, нагласувајќи дека Србија се наоѓа во едно од најтешките периоди во односите со американската администрација. Тој вели дека е речиси сигурен оти претседателот Доналд Трамп не е директно запознаен со целата документација, но дека највисоките функционери во Стејт департментот многу добро знаат што се случува и дека не се подготвени да направат исклучок. Според него, Србија во повеќе наврати им објаснила на американските претставници дека ги разбира нивните барања и дека е свесна дека сопственичката структура мора да се промени. Белград дури понудил рок од педесет дена во кој промената би била спроведена, а државата дала и формални гаранции. Но одговор од Вашингтон нема, а Вучиќ отворено вели дека веќе не очекува позитивна одлука.

Тој откри дека вечерта повторно ќе се обиде да разговара со американските претставници, иако не верува дека тоа ќе донесе пресврт. Утредента, како што најави, ќе се одржи важен состанок на кој треба да се разгледаат сценаријата по затворањето на рафинеријата. Претседателот предупреди дека ситуацијата е многу тешка, но истовремено порача дека граѓаните треба да останат мирни бидејќи државата има неколку подготвени решенија и доволно финансиски средства за да ја одржи стабилноста на пазарот.

Санкциите за НИС веќе девет месеци се тема на интензивни преговори помеѓу Србија и Русија. Откако беа одложени осум пати, тие конечно стапија во сила оваа есен. Американското барање останува непроменето — руските компании мора да се повлечат од сопственичката структура. Но според Вучиќ, Москва не брза да го продаде својот удел, а сите понуди што Србија ги дала се одбиени. Паралелно со тоа, во јавноста се појавија информации дека постојат три потенцијални купувачи за НИС, но преговорите не напредуваат поради сложената геополитичка рамка.

Во 2008 година, Србија без тендер продаде 51 процент од акциите на НИС на рускиот „Газпром нефть“ за 400 милиони евра, а и покрај неколкуте промени во сопственичката структура во изминативе години, мнозинското влијание на Русија остана. Србија денес поседува нешто помалку од 30 проценти од компанијата, што ја става во незгодна позиција во преговорите и со Русија и со САД.

Вучиќ предупреди дека затворањето на рафинеријата ќе значи сериозен удар за енергетскиот систем, особено во зимски период, но нагласи дека земјата ќе се снајде „на различни начини“ и ќе обезбеди доволно количини нафта и деривати. Истовремено потсети дека Србија е зависна од рускиот гас со над 80 проценти и дека важниот гасен договор со Москва истекува на 1 јануари, по што ќе мора повторно да се преговара.

Тој додаде дека Србија ќе се бори да ги зачува пријателските и партнерските односи каде што е возможно, и дека државата ќе направи сè за да избегне енергетски потреси. Иако ситуацијата изгледа неизвесно, Вучиќ тврди дека државата има планови за секое сценарио и дека граѓаните „не треба да се грижат“.

Сепак, со можноста рафинеријата во Панчево да престане со работа за само неколку дена, Србија влегува во период во кој енергетската стабилност зависи повеќе од политиката отколку од економијата, а исходот од овој притисок меѓу Вашингтон и Москва ќе биде решавачки за целиот енергетски сектор во земјата.

(Фото: Olovni, Wikimedia Commons,CC BY 3.0)

Клучни зборови

  • нафтена индустрија
  • НИС
  • Србија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk