Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Нина Ангеловска промовирана за „жена амбасадор на дигитална трговија“ на УНКТАД

25 сеп. 2019 г.·3 мин читање·175 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска, во рамки на 74-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), синоќа во Њујорк беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот.

Ова исклучително и уникатно признание и го врачи Мукиза Китуи, генерален секретар на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој. Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

– Неискористениот потенцијал на жените ширум светот претставува голема загуба за нашите економии. Синергијата на дигиталната технологија и трансформативната моќ на претприемачкиот дух кај жените, може да придонесе кон намалување на сиромаштијата во ниско развиените и во земјите во развој и забрзување на економскиот раст – рече министерката Ангеловска.

Таа посочи дека признанието што го добива претставува голема чест, но и голема одговорност за неа – да ги инспирира и охрабри жените да го искористат својот потенцијал, да бидат амбициозни, да преземат иницијатива, да ја искористат моќта на технологијата и да го направат светот подобро место за живеење.

– „Потребен ни е потенцијалот на жените, знаење, грижа, водство и технологија за да го направиме овој свет попаметен и подобар за сите“ – додаде министерката Ангеловска.

Инаку, Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадор на е-трговија“. Покрај неа, која ова признание го добива како соосновачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, другите избрани „амбасадори на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико соосновачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Иницијативата преку која УНКТАД ги избра „жените амбасадори на дигитална трговија“- „Е-трговија за жени“ има за цел да го поттикне економскиот раст и да ја намали сиромаштијата во земјите во развој комбинирајќи ги придобивките од технологијата и претприемништвото кај жените. Преку нивното долгогодишно искуство во дигиталната трговија, седумте избрани глобални амбасадорки треба да помогнат во спроведување на Целите за одржлив развој на ОН промовирајќи го користењето технологија во служба на економскиот развој.

Клучни зборови

  • Амбасадор
  • е-трговија
  • Нина Ангеловска
  • Обединети Нации
  • УНКТАД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk