Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Никотинските ќесички – помалку штетен начин за употреба на никотин, кој помага во остварувањето на целите за свет ослободен од чад

2 јун. 2025 г.·5 мин читање·3085 прегледи

Следете не на Viber

Пушењето цигари на глобално ниво е еден од водечките причинители на болести како и за предвремените смртни случаи, кои потенцијално би можело да се спречат. Ризиците од пушењето тутун се познати и преку процесот на горење на тутун и чадот од цигарите се ослободуваат 60 хемиски супстанции за кои се знае дека се канцерогени. Токму овие хемикалии предизвикуваат болести, а според Светската здравствена организација, откажувањето од пушењето го намалува ризикот од болести и го зголемува животниот век на поранешните возрасни пушачи.

Поради тоа СЗО постави цел за намалување на бројката на пушачи на светско ниво, а во оваа насока дел од земјите започнаа да употребуваат најразлични стратегии за намалување на штетноста од тутунот. Компаративните искуства покажуваат дека во државите каде што расте употребата на алтернативни, помалку штетни* никотински производи, се регистрира пад на бројката на болести причинети од пушењето цигари. Од друга страна, истражувањето на организацијата „Smoke Free Sweden“ објавено во 2024 година, во земјите во кои граѓаните во голем дел продолжуват да употребувааат цигари, бројката на болестите во сооднос останува непроменета.

Доколку се направи споредба во податоците за Шведска и Германија, се забележува дека во овие две држави во 2022-рата година, имало ист процент на луѓе кои употребуваат никотин. Во истражувањето на организацијата „Smoke Free Sweden“, објавено во Стокхолм минатата година, се наведува дека во Шведска  процентот изнесувал 23,6%, додека пак во Германија – 24,9% од популацијата употребувала никотин. Сепак, меѓу населението во овие две држави била голема разликата во бројката на пушачи на цигари и на оние кои употребуваат помалку штетни* никотински производи. Во Шведска пушачи биле само 5,6%, а од друга страна во Германија овој процент изнесувал високи 23,8.

Податоците од истражувањето покажуваат дека во Шведска 139 лица на сто илјади жители починале поради болест предизвикана од пушење. Податоците во Германија покажуваат 175 лица на сто илјади жители починале поради болест предизвикана од пушење, што е дури 20% повеќе од Шведска. Разликата е уште поголема кај регистрираните случаи на смрт поради рак на белите дробови. Во Германија, се регистрирани 45 случаи на смрт поради рак на белите дробови, на сто илјади жители. Во Шведска, од рак на бели дробови починале 29 лица, што е за дури 36% помалку од Германија.

Изминатата деценија науката, како и тутунската индустрија и никотинските производи еволуираа брзо. Во Шведска се прифати моделот на „намалена штетност од тутунот“ со соодветно регулирање на алтернативните помалку штетни* никотински производи, како дел од можностите за постигнување на целите за „свет без чад“ и целите на Светската здравствена организација за намалување на болестите причинети од пушење. Шведска како позитивен пример ја посочуваат и лидерите во индустријата, како што е „Бритиш Американ Тобако“, чии алтернативни никотински производи се меѓу најупотребуваните кај шведските потрошувачи.

Нашата амбиција е да го намалиме влијанието врз здравјето на нашиот бизнис и во центарот на нашата корпоративна визија е да создадеме подобро утре преку создавање на „свет без чад“. Овој пристап е поткрепен со намалување на штетното влијание од тутунот. Пристапот вклучува целосно префрлување на возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат тутунски производи како цигари, на производи без чад кои се помалку штетни*, вели доктор Џејмс Марфи, кој се приклучил на компанијата во одделот за истражувања и наука.

Портфолиото на „Бритиш Американ Тобако“ нуди голем избор на алтернативни никотински производи** кои би можеле да помогнат пушачите да се откажат од употребата на тутун.

Денес, кога би го опишал БАТ со еден збор, тоа би било „трансформација“. Ние сме авангардата во развојот и научната проценка на низа иновативни производи без чад. Нашите производи без чад не зависат од согорувањето поврзано со цигарите и затоа имаат значително намалена штетност* (>90-99%) со намалени нивоа на голем број токсични хемикалии, за кои се верува дека се примарна причина за болести поврзани со пушењето, вели д-р Марфи.

Дел од алтернативните помалку штетни производи се и никотинските ќесички**, како што се Velo**, чија потрошувачка е најизразена во Шведска, од каде и потекнуваат. Velo** се помалку штетна* опција за конзумирање на никотин без употреба на тутун. Овие никотински ќесички**, кои се помалку штетни* од цигарите, пружаат ново искуство на корисниците на никотин, без разлика дали се во движење или на работа, поради нивната лесна употреба. Никотинот започнува да се ослободува откако ќесичката ќе се постави под горната усна. Никотинските ќесички Velo** доаѓаат во различни вкусови, така што можете да го изберете оној кој најмногу одговара на Вашиот вкус и можете да уживате во никотинот, без чад. Никотинските ќесички Velo** нудаат практично решение за употреба на никотин.

Врз основа на тежината на доказите и претставувајќи целосно префрлување од пушењето цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Velo
  • БАТ
  • Бритиш Американ Тобако
  • Никотински ќесички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk