Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Николовски: Со ИПАРД се развиваат и земјоделството и економијата во државата

21 дек. 2023 г.·2 мин читање·53 прегледи

Следете не на Viber

ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме земја лидер во регионот по реализација на ИПАРД програмата и тоа по неколку основи. Имаме најголема 100% реализација на ИПАРД програмата, нула евра поврат на средства и први во регионот започнавме со реализација на новата ИПАРД 3 програма – нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на панел-дискусијата „Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци“ одржана во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“.

„Зборуваме со факти и аргументи кои се лесно проверливи и се докажуваат. Нашиот успех е потврден од Европската комисија, која за новата ИПАРД 3 ја зголеми 62 проценти програмата, односно за 62 проценти го зголеми буџетот и ако во ИПАРД 2 имавме на располагање 60 милиони евра, сега во ИПАРД 3 имаме програма која први ја започнавме од сите земји кориснички на ИПАРД. Имаме 97 милиони евра неповратни европски средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Тоа значи нов зголемен, неповратен ЕУ буџет, наменет за модернизација и развој на нашето домашно земјоделство“, рече Николовски.

Реализацијата на инвестициите преку ИПАРД програмата, покрај за земјоделството, придонесуваат и за развојот на целокупната економија на државата. Преработувачките капацитети се развиваат, се зголемува извозот на домашни производи, се отвораат нови работни места, потенцираше Николовски.

Една од главните цели на Владата е младите да останат дома, а токму ИПАРД програмата дава предност за младите земјоделци и до 70% финансиска поддршка на планираната инвестиција. Покрај ИПАРД програмата, младите земјоделци на располагање имаат и други мерки за поддршка, преку националните програми.

„Поддршка од 10.000 и 20.000 евра преку мерката млад земјоделец, за започнување и развој на земјоделско стопанство. Овие мерки дадоа резултати, па денес имаме успешни млади земјоделци сопственици на мали семејни винарии или мали успешни производители на храна. Само со последната мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, каде даваме грант поддршка до 10.000 евра за набавка на механизација и опрема, од вкупно 206 одобрени апликации 121 апликација е на млади земјоделци“, рече Николовски.

Според него, интеграцијата во Европската унија ќе придонесе за повеќекратно зголемување на финансиската поддршка за земјоделството.

Клучни зборови

  • земјоделие
  • ИПАРД програма
  • Љупчо Николовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk