Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Николоски: Над 350 милиони евра инвестиции во општините, реконструирани над 100 километри локални патишта

5 јун. 2026 г.·2 мин читање·1655 прегледи

Следете не на Viber

Владата најавува продолжување на инвестицискиот циклус во општините, при што преку различни програми и соработка со Светска банка во изминатите две години се насочени стотици милиони евра во локалната инфраструктура, патната мрежа и комуналната опрема.

На средба со градоначалниците во рамки на ЗЕЛС и со претставници на Светска банка, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека преку двата владини повици за поддршка на општините во 2024 и 2025 година се обезбедени 350 милиони евра за реализација на локални инфраструктурни проекти.

„Ова е Влада која, неспоредливо со која било претходна, дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имавме два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година, во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти“, изјави Николоски.

Дополнително, преку проектот за локални патишта што се реализира со поддршка на Светска банка, во периодот од јуни 2024 до јуни годинава се склучени договори вредни 25,3 милиони евра. Со тие средства досега се рехабилитирани 96 улици во 72 општини, со вкупна должина од 72 километри, додека уште 31 километар патишта се во фаза на реконструкција. Според Николоски, тоа значи дека во различни фази на реализација се над 100 километри локални сообраќајници низ државата.

Покрај патната инфраструктура, во тек е и набавка на нова механизација за одржување на јавната хигиена во општините. Со поддршка на Светска банка се обезбедуваат 49 возила со вкупна вредност од 4,2 милиони евра. Станува збор за 17 мултифункционални возила за урбано одржување, две специјализирани возила за хигиена со дополнителна опрема, девет специјализирани камиони и 21 машина за чистење улици.

„Ова е најголем инвестициски циклус во општините. Ќе продолжиме и во следниот период, веќе разговараме со Светска банка за нови проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините“, рече Николоски.

Според најавите, покрај изградбата и реконструкцијата на локални улици и патишта, средствата од владините програми се насочуваат и кон изградба на градинки, здравствени установи и друга локална инфраструктура, со цел подобрување на условите за живот во општините низ државата.

Клучни зборови

  • Александар Николоски
  • ЗЕЛС
  • инвестиции
  • општини
  • Светска банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk