Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Николетопулос и натаму ќе го предводи тимот на Стопанска банка Скопје

9 авг. 2024 г.·2 мин читање·2220 прегледи

Следете не на Viber

Диомидис Николетопулос останува на челната позиција ја Стопанска банка Скопје. Согласност за негово повторно именување на функцијата генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на најстарата домашна банка е дадена од гувернерката на Народната банка.

Николетопулос успешно раководи со Стопанска банка Скопје од 2013 година, а зад себе има 15-годишен стаж во оваа институција, при што бил и генерален директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности.

За тоа како работи оваа банка, кажуваат резултатите, особено во делот на кредитирањето. Минатата година скопската Стопанска банка од каматите заработи над 93 милиони евра, а добивката изнесуваше 56,4 милиони евра. По таа линија продолжи и годинава. За шест месеци направи профит од 28,9 милиони евра. Во основата на успехот се нето-приходите од камати, зголемени за 18 проценти и со износ поголем од 50 милиони евра. Инаку, кредитната поддршка што ја обезбедува Стопанска банка Скопје (состојба од 30 јуни) е 1,5 милијарди евра, а располага со депозити од 1,65 милијарди евра.

СТОПАНСКА БАНКА ја „ШИЕ“ КОНКУРЕНЦИЈАТА СО ПРИЛИВИТЕ ОД КАМАТИ – за шест месеци 55,8 милиони евра

Клучни зборови

  • Генерален извршен директор
  • Диомидис Николетопулос
  • претседател на уо
  • Стопанска банка Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk