Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Nikola Motor Company сака да го заземе тронот на Ford

10 јун. 2020 г.·2 мин читање·436 прегледи

Следете не на Viber

Nikola Motor Company сè уште нема испорачано некои од своите врвни хирдо возила и електрични камиони, но берзата се изјасни: кога компанијата ќе почне да ги испорачува, побарувачката ќе биде енормна.

Акциите на Nikola Motor Company привлекоа големо внимание во понеделникот, кои пораснаа за 103% само неколку дена откако компанијата ја имаше својата иницијална понуда на NASDAQ. Акцијата се зголеми за околу 5% во вторникот. Со пазарна вредност поголема од 28 милијарди американски долари, Nikola Motor Company е вреден скоро исто колку Форд (28,8 милијарди долари) и повеќе од Фиат Крајслер (кој е вреден 20 милијарди долари). Пред првото котирање на берзата, Nikola Motor Company беше вреден околу 3,3 милијарди долари.

Основачот на Nikola Motor Company, Тревор Милтон изјави дека компанијата брзо се здоби со голема мешавина на нови долгорочни инвеститори, како и инвеститори кои се гледаат себеси како трејдери. Ова е главната причина за силното зголемување на цената на акциите.

„Отсекогаш знаев дека имаме многу голема вредност што луѓето не ја разбираат,“ рече Милтон.

Следниот клучен настан за Nikola Motor Company ќе биде почетокот на нарачката за својот очекуван пикап камион „Баџер“ на 29 јуни. Милтон очекува побарувачката за пикап да биде силна.

„Мојата цел е да го заземам тронот од Форд Ф-150. 29 јуни ќе биде голем ден,“ додаде Милтон.

Првиот круг на станици за полнење ќе се појават во Калифорнија следната година. Компанијата изгуби околу 200 милиони американски долари уште од почетокот. Но, Милтон се изјасни дека минатата недела нарачките се далеку поголеми од тоа што очекувале.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • nikola motor company
  • pickup truck
  • Берза
  • иницјална понуда
  • камиони
  • котирање
  • тревор милтон
  • форд
  • хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk