Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НИК КЕЈВ ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – концерт за паметење на 22 август во Скопје

14 авг. 2025 г.·2 мин читање·4508 прегледи

Следете не на Viber

Скопје ова лето ќе биде домаќин на настан што долго ќе се памети! Легендарниот музичар, поет, писател и композитор Nick Cave на 22 август пристигнува во македонската престолнина во рамките на својата Nick Cave Solo турнеја. Концертот ќе се одржи под ѕвезденото небо на Стадионот на АРМ, со почеток во 20 часот, а публиката ќе има ретка можност да го доживее Ник Кејв во неговата најинтимна и најсуштинска форма.

Овојпат, без неговите „Bad Seeds“, Кејв ќе настапи во придружба на Колин Гринвуд, басистот на култниот британски бенд Radiohead – еден од најиновативните и највлијателни бендови во историјата на рок музиката. Концертите на ова дуо, како што пишуваат светските магазини оставаат трајна емоционална трага кај сите кои имаат среќа да бидат таму.

Иако ова е негов прв настап во Македонија, интересот е огромен и билетите се речиси распродадени.

Ник Кејв, роден во Австралија во 1957 година, веќе пет децении ја освојува светската сцена со својата уникатна комбинација на мрачна поетика, длабока емоција и интензивен сценски настап. Со своето богато творештво и неповторлив музички израз, тој е уметник кој ја преминува границата меѓу музиката и литературата.

Влезниците за концертот се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk.

На 22 август – Скопје ќе биде центарот на музичкиот свет. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од ова историско музичко поглавје!

 

Клучни зборови

  • 22 август
  • Авалон Продукција
  • АРМ
  • концерт
  • Ник Кејв
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk