Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Ни идеја, ни пари, во бизнисот е пресудна реализацијата

28 ное. 2023 г.·3 мин читање·6513 прегледи

Следете не на Viber

Македонија има одлични можности кои можеш да ги искористиш како претприемач. Со незгодните работи, едноставно, треба да се бориш. Мој совет е – правото на претпириемништво треба да е уставно загарантирано, вели генералниот менаџер и еден од основачите на Бизнис Мрежа.мк, Огнен Огненоски, во поткастот How to make it from Macedonia. Сигурен е дека во бизнисот не се пресудни ниту идејата, ниту парите, туку реализацијата. „Во глава остануваат 99 идеи, една е што ќе почнеш да ја реализираш и само таа има простор да успее. Колкав е просторот за успех, тоа е веќе статистика“.

Бизнис Мрежа е успешна реализација на идејата за платформа која им помага на компаниите да носат исправни деловни одлуки. Го олеснува пристапот до финансиски информации за фирмите на локалниот пазар. Преполна со корисни и интересни податоци, а лесна за користење. Со вклучени податоци за компаниите од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

„Први во Македонија создадовме платформа со бонитетни информации и го олеснивме начиниот на носење деловни одлуки на сите корисници.

Бонитентниот извештај за една компанија е како крвната слика кај човекот“, вели Огненоски, појаснувајќи дека го оценуваат бонитетот на фирмите исто како што кредитните агенции ги оценуваат државите.

„Бонитетната оцена е кредитен рејтинг. И ако во оценката на нашите компании ја вклучиме таа на државата – ББ-, тогаш ќе немаме компанија со оцена А. Не може во Македонија да има успешни компании, а самата држава е неуспешна“, вели во разговорот Огнен Огненоски.

Бизнис Мрежа е ризница на корисни информации, врз кои се прават сериозни анализи. Дел од нив открива Огненоски во поткастот. Укажува на спротивностите, како на пример, просечните плати во ИТ секторот од околу 90 илјади денари, а во секторот изградба на згради 24 илјади денари. Колку се зголемиле платите во дејноста снабдување со електрична енергија, а како се одразил крајот на Ковид-кризата врз примањата во здравството. Тој зборува и за вкупниот обрт на 100 најголеми компаниите по приход, во износ од над 14 милијарди денари, а само првите пет прават над 40% од овие 14 милијарди.

„Во Македонија годишно има седум илјади новоосновани компании и речиси исто толку се затвораат. Мислам, по Ковидот годинава првпат ќе имаме позитива на новоотворени врз згаснати. Една друга анализа што ја направивме, е за стапката на преживување на новооснованите. Некаде околу 50% од новооснованите фирми кои ќе се основаат денес, нема да постојат за пет години од сега, до 90% нема да постојат за 10 години. Само 10% од фирмите што ќе се основаат денес, ќе преживеат за 10 години“, вели Огненоски, кој укажува на уште еден податок од Бизнис Мрежа – 36% од сите странски новоосновани компании се од Турција.

Генералниот менаџер на Бизнис Мрежа, кој мотивацијата за успехот ја пронашол во првиот неуспех, во поткастот изнесува многу интересни и корисни податоци, кои освен што вреди да се слушнат, можат и да се искористат – за донесување правилна бизнис одлука.

Клучни зборови

  • Бизнис Мрежа
  • Огнен Огненоски
  • поткаст
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk