Анализа: Како да се задоволат основните месечни потреби?
Износот што го пресмета Сојузот на синдикати од 58.998 денари, кој е неопходен за функционирање на едно четиричлено семјство, во март за многумина е недостижен ако се следат платите во државава. Последни податоци за просечна нето-плата Државниот завод за статистика објави за јануари, кога таа изнесувала 39.542 денари. Но, како што може да се забележи од бројните реакции на социјалните мрежи или во медиумите, оваа плата, според размислувањето на граѓаните, е далеку од просечната, па често се коментира дека нејзиниот просек е како од онаа народната „Некој јаде месо, некој зелка, а заедно јадат сарма“.
Каква ќе биде покриеноста на кошницата со платите во март, ќе се дознае кога ќе се објави и мартовската плата. Сеако, ќе има раст со оглед на растот на минималната плата од сегашните 21.192 денари на најавуваните 22.567 денари . Но, за да се види каков е трендот, порталот „Пари“ ј…