Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

Нетрговските трансфери со 3.209 акции од 14 компании

16 мар. 2026 г.·2 мин читање·1284 прегледи

Следете не на Viber

Минатата недела, според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, се реализирале биле 15 нетрговски трансфери. Преку нив сопственоста е сменета кај 3.209 обични акции издадени од 14 компании.

Акции на Комерцијална банка, вкупно 333, биле трансферирани на двапати: во вторникот 251 и во четврток – 82. Нивната просечна цена, произлезена по последните тргувања (13 март) е 27.951,39 денари.

Со најголем број акции – 760, е преносот што е во знакот на Македонски телеком. Единечната цена за акција е 498,43 денари, па оттаму вредноста на овој подарок е над 378,8 илјади денари.

Со опфат на повеќе од 100 акции се седум трансфери. Тука се РЖ Услуги со 396 обични акции, чијшто просек е 45 денари. Славеј АД Скопје е застапен со 373 обични акции. Секоја од нив чини по 3.100 денари, а последното тргување на Македонска берза било на крајот од ланскиот октомври. Триста акции се на Оилко КДА. Имаат цена од 6.000 денари, а во изминатите 52 недели е забележана една берзанска трансација – на 12 март годинава.

Дел од минатонеделните преноси се и 265 акции на Жито Лукс, со просечна цена од 131 денар. Исто така и 263 акции на Макстил (со цена по 110 денари), како и 228 на долгорочно суспендираното друштво од котација АрцелорМиттал (ХРМ). Со знакот на Алкалоид се 173 обични акции, со просечна цена од по 24.972,98 денари.

Меѓу податоците објавени на Македонска берза се и трансферите со 69 акции на Окта, 13 на Уготур, по 12 на РЖ Економика и на РЖ Интер-Трансшпед, 8 на Прилепска пиварница и 4 обични акции на РЖ Техничка контрола.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • обични акции
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk