Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Нетрговски преноси: најголеми трансферите со акции на Телеком и Гранит

9 мар. 2026 г.·2 мин читање·2150 прегледи

Следете не на Viber

Осумнаесет нетрговски трансфери биле реализирни минатата работна седмица, во кои се опфатени 3.563 акци. Издадени се 15 од друштва и сите се обични. Најголемиот дел од акциите – 2.474 се подарени во петокот.

Тогаш е забележана и трансакцијата со 1.535 акции на Македонски Телеком. Нивната вкупна вредност е околу 12.500 евра, бидејќи единечната просечна цена за акција е 500 денари.

Според бројноста се издвојува и преносот од 763 акции на Гранит. Оваа акција ја завршила недлата со просечни 1.500 денари, па оттаму овој трансфер е со износ од 18.600 евра.

Подарени се и 424 обични акции на Силекс Кратово. Во изминатите 52 недели, на официјалниот пазар немало ниедно тргување, па нема ниту податок за нивната цена.

Со знакот на Кристал 1923 АД Велес се 378 акции. И со нив ретко се тргува. Има две трансакции во 52 недели, реализирани на 5 март. Имаат просечна цена од 160 денари.

Девет нетрговски трансфери се со помалку од сто акции. Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала: 80 обични акции на Реплек, 49 на БИМ АД Свети Николе, 40 на Окта. Исто така, преносен е направен и на 25 акции издадени од Лотарија на Македонија, 23 од Уготур АД Скопје, 22 од РЖ Интер-Трансшпед, 19 од ВВ Тиквеш, 15 од Макпетрол и 9 од РЖ Техничка контрола.

Во статистиката се заведени и преноси со најтргуваните акции на Македонска берза.

Два трансфера се со акции на Комерцијална банка: во средата 10, а во петокот 20 обични акции. Оваа акција е со просечна цена од 27.896,95 денари.

Со акциите на Алкалоид се изведени три трансфери. Два со по 10 акции и еден со 131 обична акција. Просечната вредност за акција е 24.979,66 денари.

Клучни зборови

  • гранит
  • Македонска берза
  • македонски телеком
  • нетрговски трансфери
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk