Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НЕТФЛИКС СЕ ОТКАЖА ОД ПОНУДАТА ЗА ВОРНЕР БРОС, отворајќи пат за преземање на Парамаунт

27 фев. 2026 г.·3 мин читање·1378 прегледи

Следете не на Viber

По неколкумесечна драма што го држеше Холивуд во неизвесност, „Нетфликс“ се повлече од трката за преземање на Warner Bros. Discovery, оставајќи ѝ отворен терен на „Парамаунд Скајденс“ да ја заокружи зделката што може темелно да го смени медиумскиот пејзаж.

Одборот на „Ворнер Брос“ оцени дека подобрената понуда на „Парамаунт“ е супериорна, откако компанијата ја зголеми цената на 31 долар по акција во готово и понуди дополнителни финансиски гаранции, вклучително и 7 милијарди долари доколку договорот пропадне. Наспроти тоа, „Нетфликс“ одби да ја изедначи понудата, оценувајќи дека зделката по новата цена повеќе не е финансиски оправдана.

Ко-извршните директори на Нетфликс, Тед Сарандос и Грег Питерс, порачаа дека компанијата останува дисциплинирана кога станува збор за инвестиции. Според нив, аквизицијата била „убаво да се има“ доколку условите се поволни, но никогаш не била прашање на стратегиска нужност по секоја цена. Со тоа заврши амбицијата на стриминг-гигантот да ги преземе филмските и стриминг-операциите на „Ворнер Брос“, договор што првично беше проценет на околу 82 милијарди долари, вклучувајќи долг.

Сега фокусот е на „Парамаунт“, поддржан од милијардерот Лари Елисон и предводен од неговиот син Дејвид Елисон, кој отворено ја поздрави одлуката на одборот на „Ворнер Брос“. Тој уверува дека понудата нуди „супериорна вредност, сигурност и брзина“, но конечниот исход ќе зависи од регулаторите.

Токму таму започнува следната, можеби уште потешка фаза. Главниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, предупреди дека договорот не е „завршена работа“, нагласувајќи дека Министерството за правда на Калифорнија спроведува сопствена истрага. Освен државното ниво, зелено светло ќе треба да даде и американското Министерство за правда, како и европските регулатори.

Потенцијалното спојување отвора чувствителни прашања и за иднината на CNN, кој е дел од портфолиото на „Ворнер Брос“. Поранешниот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати јавно ја критикуваше телевизијата, па дури и сугерираше дека таа треба да биде продадена во рамки на секој договор. Директорот на CNN, Марк Томпсон, ги повика вработените да не извлекуваат избрзани заклучоци додека не стане појасно како ќе изгледа финалната структура на компанијата.

Дополнителна сенка врз процесот фрлаат политичките врски околу финансирањето на „Парамаунт“, вклучително и претходната поддршка од инвестициската фирма на Џаред Кушнер, која подоцна се повлече по јавните критики. Претходните спојувања во медиумскиот сектор веќе резултираа со промени во раководствата и отпуштања, што ги зголемува стравувањата дека новата консолидација ќе донесе нов бран кратења во индустрија што веќе се соочува со намалено производство и трансформација кон стриминг.

Доколку договорот биде одобрен, „Парамаунт“ ќе ги преземе и стриминг-корисниците на HBO Max, како и брендовите CNN и Food Network, додавајќи ги на своето портфолио во кое веќе се CBS, Nickelodeon и Comedy Central.

Многумина во Холивуд гледаат на оваа лицитациска војна како на избор без идеален победник. Дали „Ворнер Брос“ ќе се стопи во стриминг-империја или ќе стане дел од нов медиумски конгломерат со силни политички нијанси – исходот, како и иднината на илјадници работни места, сега е во рацете на регулаторите. Холивуд повторно се менува, а прашањето не е дали, туку кој ќе ја диктира следната ера.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • Ворнер Брос
  • нетфликс
  • Парамаунд Скајденс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk