Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нетфликс вложи 100 милиони долари во диверзификација

Trajko·11 мар. 2021 г.·2 мин читање

По објавувањето на првиот извештај за родовата еднаквост во јануари, Нетфликс објави и студии за резултати на неговите филмови и серии нарачани од САД, во текот на 2018 и 2019 година. Иако претходниот извештај го опфаќаше составот на вработените во Нетфликс, сега тој состав е проширен со многу повеќе луѓе и соработници.

100 милиони долари во текот на следните пет години

Нетфликс денес објави креативен фонд за капитал кој ќе инвестира 100 милиони долари за пет години во диверзификација во својата компанија и на филмското платно. Тој ќе работи со надворешни организации за кои ко-извршниот директор и директорот на содржина Тед Сарандос изјавија дека постигнуваат одлични резултати во оваа област. Фондот исто така ќе оди во насока на воспоставување на прилагодена програма, која ќе помогне да се идентификуваат, обучат и обезбедат работни места за идните таленти низ целиот свет.

Не случајно, Нетфликс оваа година одлучи да објави извештаи за диверзификација, како во рамките на популацијата на вработени, така и во рамките на нејзините производи. Минатиот септември, кога компанијата го објави првиот тизер за својата тинејџерска драмска серија “Гранд армија”, писателката Минг Пејфер рече дека таа и тројца други писатели го напуштиле шоуто поради расистичка експлоатација и злоупотреба. 

Генерално, резултатите покажуваат дека Нетфликс навистина направи некои подобрувања во последните две години. Сите погледи сега се насочени кон Нетфликс и нивната реакција на поставувањето подобри стандарди за малцинствата во нивната компанија.

Клучни зборови

  • диверзификација
  • нетфликс
  • развој
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk