Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Нептун е лидер на пазарот на бела техника со 59 милиони евра приход, во грб му дише Сетек

11 јун. 2021 г.·2 мин читање·3787 прегледи

Следете не на Viber

НЕПТУН трета година по ред е лидер на пазарот во продажба на компјутери, телевизори и апарати за домаќинството со остварени приходи околу 60 милиони евра, поединечно секоја година. Пандемиската 2020 година ја заврши со вкупно приходи од 59 милиони евра, што е сепак за 2.5 проценти пониско остварување, во однос на 2019 година. НЕПТУН изгубил пазар вреден 1.5 милиони евра, што со голема мера на сигурност се трансферирал кај неговите конкуренти. Имено, АНХОЧ, СЕТЕК И ТЕХНОМАРКЕТ прават силен пробив на пазарот и 2020 година ја завршиле со пораст од над 30 проценти. Во апсолутни бројки, приходите на СЕТЕК (44,6 милиони евра) пораснале за 10.4 милиони евра, кај ТЕХНОМАРКЕТ(18 милиони евра) таквите бројки се движат во рангот на 4.4 милиони евра, што е идентично и кога станува збор за порастот кај АНХОЧ(16,2 милиони евра). Вкупниот промет на овие четири компании пораснал за 19 милиони евра во 2020 година.

Анализата на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк , за остварените добивки во 2020 година покажува дека пресликани се скоро истите трендови како и кај вкупните приходи.

Повторно лидер е НЕПТУН со остварена добивка од 3 милиони евра, што претставува пораст од 11 проценти во однос на 2019 година. Во оваа категорија најголем скок остварил АНХОЧ, чие работење придонело да ја зголемат добивката за 226 проценти. Разликата во добивката меѓу двете компаниии Нептун(3 милиони евра) и Сетек (2,6 милиони евра) е нешто над 350 илјади евра, што е фантастична бројка ако се земе во предвид фактот дека само пред една година таа разлика изнесуваше 1.5 милиони евра. Со солиден раст заврши и ТЕХНОМАРКЕТ со 720 илјади евра (реализиран пораст на добивка од 113 проценти), меѓутоа апсолутното ниво сепак е пониско во однос на конкуренцијата.

Клучни зборови

  • бела техника
  • лидер
  • нептун
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk