Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Неофицијално, но веројатно: Невена Георгиевска – кандидат за градоначалник на Општина Карпош

30 авг. 2025 г.·2 мин читање·5377 прегледи

Следете не на Viber

Независни за Карпош – За заштита на Карпош во трката за градоначалник на истоимената Општина ќе настапат со Невена Георгиевска. Носител на советничката листа ќе биде Татјана Чакулев од „Иницијатива О2“.

Информацијата до која дојде Пари е непотврдена, но речиси сосема извесна. И двете добро го познаваат теренот, а Георгиевска знае и како локалната самоуправа функционира одвнатре. Последните четири години е советник во Општината.

Во советот на Општината Георгиевска влезе како носител на независната листа „Независни за Карпош“. Живее во Карпош 4, а тамошните жители ја паметат како еден од најгласните поборници за заштита на зелените површини и парковите. Иницијатива, која имаше успешна завршница. Тогаш, во таа 2015 година започнува нејзиниот активизам, а продолжува во „О2 Иницијатива“, „Ние сме Карпош 4“, „Го Сакам Водно“.

Дипломираниот инженер по електротехника, информатика и автоматика (ЕТФ – Скопје), 26 години работи во областа на развој на софтвер. За неа може да се слушне дека е страстен поборник за хуманото живеење и иницијатор на уставните укинувања на штетните урбанистички планови, кои предизвикаа ненадоместливи последици врз животната средина и квалитетот на живеење во Општината. Гласна е затоа што смета дека жителите заслужуваат среден, организиран Карпош, со чист воздух и зеленило, без урбанистичко насилство.

Оваа 53-годишна мајка на две деца планинари, рекреатвно спортува, го афирмирање спортот меѓу младите, чита,гледа квалитетни филмови… Решителна е, истрајна и упорна. Заедно со храбрите жени од „О2 Иницијатива“, со пријателите активисти и со членовите на „Независни“ се залагаат за посовесно и одговорно управување со скопски Карпош.

Во тие храбри жени од „О2 Иницијатива“ е и Татјана Чакулев, која активно дејствува и во „Го Сакам Водно“ и во „Воздух Сега!“. Смета дека Карпош треба да има зелени оази, безбедни деца на улица, вело патеки, ослободени тротоари… А, таа може да биде гласот на граѓаните во Карпош.

Клучни зборови

  • градоначалник
  • локални избори
  • Невена Георгиевска
  • Независни за карпош
  • Општина Карпош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk