Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Како можат нео-банките да го држат нивото на иновации?

7 мај 2020 г.·2 мин читање·125 прегледи

Следете не на Viber

На долг рок, станува многу тешко да се задоволат потрошувачите кои постојано бараат нови иновации, поголема брзина, поедноставен интерфејс, поголема сигурност, и едноставно, поголема вредност за услугата која ја плаќаат.

Модерните банки, односно нео-банките, кои што ја предводат ФинТек индустријата заедно со оснататите компании инволвирани во размена на криптовалути, развој на финансиски апликции и слично, моментално, иновираат со голема брзина. Палетата на производи и услуги која ја нудат рапидно се зголемува. Но се поставува прашањето, дали може тој чекор на иновации на долг рок да продолжи да расте?

Експертите велат дека периодотот наречен “Меден месец” веќе е поминат. Достигнато е едно ниво на брзи иновации, и стапката на раст неможе засекогаш со такво темпо, експоненцијонално да продолжи. 

Monzo, необанката во Обединетото Кралство има веќе 3 милиони корисници. Голем дел од тие корисници очекуваат стапката на иновиции да продолжи. Тоа значи дека, по самата природа на нивните очекувања, необанките како Monzo може да се соочат со иминентен предизвик. 

За да ги задржат тие корисници, и за да можат да се натпреваруваат со големите традиционални банки, необанките ќе мора да продолжат да иновираат понатаму. Голема предност на новите ФинТек банки е тоа што со помош на нивните апликации, тие можат да соберат огромен број на информации и да изградат една импресивна датабаза, која ќе може да се користи за развој на вештачка интелигенција, донесување паметни одлуки, и слично. 

Главната причина зошто необанките продолжуваат да завземаат нови корисници е во тоа што се многу агилни. Имено, за релативно кратко време, можат да направат понуда за префрлување од еден заем за автомобил кон друг, се со цел да му помогнат на крајниот потрошувач да заштеди, понекогаш и 20 евра месечно.

Самата таа агилност, и адаптирање на промените, следење на можностите кои ги нуди пазарот, укажува на тоа дека необанките се многу пати потценети од менаџерите, инвеститорите, аналитичарите кои повеќе веруваат во традицоналните банки. Но емпириските податоци укажуваат на тоа дека необанките се во состојба да продолжат да иновираат и да стануваат се повеќе релевантни.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • блокчејн
  • иновации
  • нео банки
  • нови технологии
  • финансиска технологија
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk