Кравјо сирење чини речиси 400 денари, пакување зденки од 110 до 200 денари, путер околу 200 денари за 250 грама, кајсии над 100 денари за килограм, цреши најмалку 200 денари, вишни 300 денари… Со вакви цени се борат нашите сограѓани секојдневно. Владата постојано е приморана да презема непопуларни мерки за да го заузда дивеењето на цените. Дали пак е исправена пред нов предизвик, да смислува начини како да ги ограничи цените? Зошто од сите страни на социјалните мрежи се шират вести дека храната кај нас е поскапа дури и од Германија? Дали кај нас законот на понуда и побарувачка сѐ уште создава предуслови да бидеме сѐ поскапа земја во однос на храната, или желбата…