Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Нема веќе задолжително носење маски на њујоршката берза и во големите банки во САД

15 фев. 2022 г.·2 мин читање·1883 прегледи

Следете не на Viber

Њујоршката берза одлучи да ја укине одлуката за задолжително носење на маски за целосно вакцинирани лица, која  стапи во сила веднаш, рече извор во петокот, откако неколку големи американски банки, исто така, се откажаа од барањата за задолжително носење маски во нивните канцеларии во САД.

На њујоршката Берза, која е во сопственост на Intercontinental Exchange Inc., отсега маските ќе бидат само опција на подиумот за тргување и на другите јавни површини за целосно вакцинираниот персонал и за посетителите, изјави за Ројтерс вработен на берзата, додавајќи дека постојните политики за Ковид-19 сè уште ќе останат на сила.

Берзата им се придружува на инвестициските банки како што се Goldman Sachs, JPMorgan Chase & Co  и Morgan Stanley, кои исто така во петокот соопштија дека се откажуваат од барањето персоналот да носи маски во канцеларијата.

Банката Голдман Сакс повеќе нема да бара да носат маски од вработените во нејзините канцеларии во САД од понеделник и ќе им остави на поединците да одлучат дали сакаат да се маскираат, рече портпаролката на банката.

За целосно вакцинираните вработени во JPMorgan кои работат надвор од нивните канцеларии во САД, носењето на маски е направено да биде целосно доброволно, според Ројтерс.

Голем процент од персоналот на JPMorgan е вакциниран, се вели во меморандумот испратен до сите вработени во САД, во кој се додава дека следењето на контактите и задолжителното двонеделно тестирање ќе се врши за невакцинираниот персонал кој влегува во канцелариите.

И од персоналот во канцелариите на Морган Стенли нема да се бара да носат маски, рече портпаролката на банката, бидејќи само вакцинирани вработени смеат да влезат во нивните згради.

Големите американски банки воведоа планови да го вратат својот персонал на функција во последниве недели, откако почна да опаѓа бројот на случаи на Ковид-19.

Клучни зборови

  • Intercontinental Exchange Inc
  • маски
  • Њујоршка берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk