Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Нема повисоки сметки за струја – цената не се менува

23 ное. 2023 г.·3 мин читање·1004 прегледи

Следете не на Viber

Новата година нема да донесе повисока цена на струјата. А, регулаторите ќе можат да прават ценовни интервенции на пресметките од ЕВН Хоум, кој како универзален снабдувач од први јануари ќе ја диктира цената на електричната енергија за домаќинствата. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме“, наведе министерот.

И од првиот ден на 2024 ќе важи истиот тарифен систем, кој е под контрола на РКЕ.

„Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборуваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија, со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ“, посочи Бектеши.

Цената нема да се зголеми ниту во блоковите. Во моментот за нив се прават анализи од страна на РКЕ и од надлежните институции, со цел да се заштитат ранливите категории граѓани, тврди Бектеши.

Оваа изјава на министерот за економија доаѓа по најавите за претстојните промени, кои внесоа вознемиреност кај граѓаните поради можното зголемување на сметките за струја. Таков бпечаток се доби откако вицепремирот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, обелодени дека Владата префрлила помалку пари за помош на ЕСМ, со кои се субвенционира цената што ја плаќаат домаќинствата. Од 80 на 60 проценти, а тоа ќе се практикува и понатаму. Освен тоа, спомена и промени во тарифните блокови. Како што рече, ќе се проширува тарифниот блок 3, а најверојатно и тарифниот блок 4, со што ќе се зголеми опфатот на тие што трошат повеќе.

Инаку, во првот тарифен блок влегуваат сите со потрошувачка до 210 KWh, во вториот од 210 до 630 KWh, третиот – од 631 до 1.050 KWh и четвртиот ги опфаќа најголемите „трошаџии“ на струја – со над 1.050 KWh. Па, во последните два тарифни блока се лоцирани четири, односно три отсто од домаќинствата, кои плаќаат и највисоки сметки.

Инаку, од први декември се враќа и дневната евтина тарифа. Домаќинствата ќе може да ја користат од 13 до 15 часот. Ова не важи за оние со стари броила – околу 600 илјади, кај кои екипите на ЕВН рачно ќе ја вршат промената.

Клучни зборови

  • ЕВН Хоум
  • РКЕ
  • сметки за струја
  • цена на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk