Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Антикорупциска: Нема одговорност за министерката Ангеловска во случајот Еуростандард банка

24 авг. 2020 г.·2 мин читање·120 прегледи

Следете не на Viber

Нема основа за кривична одговорност за министерката за финансии Нина Ангеловска во случајот со Еуростандард  банка, но функционерката ги прекршила етичките правила. Како што констатираше Антикорупциската комисија, нејзиниот статус и овозможил да располага со информации за банката, каде што и самата била клиент.

Повластената позиција на Ангеловска можеби довело до тоа министерката предвреме да си го повлече својот штед влог, од сега веќе банката во стечај.

„Овие информации и податоци можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзините одлуки поврзани со депозитот кој таа го имала во банката. Со тоа, таа е ставена во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката. Како заклучок можам да кажам дека не утврдуваме кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренуваме прашањето на високо ниво, дотолку повеќе што стапуваат нови членови на Владата.” изјави претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска.

Претседателката на Антикорупциска рече дека во периодот откако Ангеловска е министер за финансии одржани се два состаноци на Комитетот за финансиска стабилност на 19 март и на 30 април, но посочи и дека записниците упатуваат кон фактот дека не се разговарало за Еуростандард банка.

Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август, по што беше отворен стечај за банката. На 16 август, министерката Ангеловска кажа дека во два наврати користела од заштедата која ја има во Еуростандард банка, првиот пат да инвестира во инвестициски фонд, а вториот пат да си купи стан.

Етичкиот кодекс на Владата секако е прекршен, вели Ивановска, објаснувајќи прецизно како требала да реагира министерката.

„Или ќе си ги чувам парите, а ќе се откажам од функцијата. Не сакам да располагам со службени информации кои се однесуваат на мојата приватност. Имам пари и сега доаѓам до информации, односно имам можност да дознаам, она е министерка за финансии да се разбереме, она вака треба да ги има сите информации.” – вели Ивановска.

Клучни зборови

  • Антикорупциска комисија
  • Билјана Ивановска
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk