Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Не се појави јунак што ќе плати 622.300 евра за акција на ТЕ-ТО

30 јун. 2025 г.·3 мин читање·2475 прегледи

Следете не на Viber

Нема купувачи за акциите на ТЕ-ТО. Пропадна уште една јавна берзанска аукција, на која беше понуден целиот пакет во сопственост на Топлификација во стечај – со 27 обични акции и удел од 10,8 проценти. Со почетна цена за акција од 622.300 или вкупно 16,8 милиони евра.

Имаше повеќе обиди акциите да се продадат во еден или во два пакети. Во ланската берзанска статистика се забележани четири. Со цени повисоки од вчерашната. Но, и со последната од 38.273.474 денари, оваа акција има убедливо највисока вредност.

Издадена е од единствената во земјава когенеративна термоцентрала. Произведува и електрична и топлинска енергија. Или, како што објаснуваат – се искористува отпадната топлина од произведената струја во гасната турбина за погон на парната турбина, со што се генерира дополнителна енергија и се остварува ефикасност од над 50 отсто. Што, пак, е значително над ефикасноста на класичните електрани.

Просечниот годишен капацитет на постројката е 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија. Притоа, исклучиво користи природен гас, што е важно од еколошки аспект.

Гледано низ годините, највисоко производство на електрична енергија е забележано во 2021 година – 1.503 GWh. А, на топлинска енергија во 2023 година – 393 GWh. Од 2016 до 2021 година производството на струја е во континуиран раст. Потоа има осцилации – пад во 2022, раст во 2023 и умерен пад во 2024 година. Кај топлинската енергија, трендот е пофлуктуирачки, со постепено зголемување до врвот во 2023, а потоа пад во 2024 година.

За тоа каков е финансискиот епилог од работењето на Те-То, не можат да се најдат „свежи“ податоци. Но, тие од 2022 година покажуваат приходи кои тогаш достигнале 19,776 милијарди денари, односно над 321 милион евра. Износ значително поголем од претходното остварување (во 2021 – 132,5 милиони евра). Без оглед на приходите, добивката во 2022 година речиси двојно се намалила и била во износ од 781,7 милиони денари или 12,7 милиони евра. Во текот на таа година во компанијата рабтеле 63 лица, осум повеќе отколку во 2021 година.

Најголемиот акционер во ТЕ-То е Project Management Consulting LTD со 60 отсто од акциите. Следува Bitar Holdings Ltd со 29,2 проценти. А преку нив – руската државна компанија Territorial’naya Generiruyushchaya Kompaniya No2. Првата е од Британските девствени острови, втората од Кипар. Kомпанијата TGK‑2 регистрирана во Јарослав е голем производител на електрична и топлинска енергија во Русија и има подружници и инвестиции во странство.

Третиот голем е акционер е Топлификација во стечај, која не може да го продаде пакетот од 27 акции. Моделот е „ сѐ или ништо“. Можеби токму руското влијание е причината поради која инвеститорите се определуваат за „ништо“.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • пакет акции
  • те-то
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk