Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Не очекуваме позначителни ефекти за домашниот платен промет, од исклучување на дел од руските банки од SWIFT

2 мар. 2022 г.·2 мин читање·89 прегледи

Следете не на Viber

Не очекуваме позначителни ефекти од исклучувањето на дел од руските банки од SWIFT системот, односно меѓународна платформа за брзо и ефикасно извршување на плаќањата. Сите руски банки не се исклучени од SWIFT, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата. Исто така, финансиските обврски и финансиските побарувања кон овие две земји се помалку од 1% од вкупните финансиски средства и обврски, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во гостување во вестите на ТВ24.

„Во неколку наврати јасно посочивме на малата трговска и финансиска интегрираност со двете економии. Трговската размена со овие две економии учествува со само два проценти во вкупната трговска размена, а кај финансиските текови поврзаноста е уште помала. Поаѓајќи од овој контекст, јасно е дека ние не би имале позначајни директни ефекти, вклучително и преку санкциите коишто тековно се изрекуваат“, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа наведува неколку причини зошто не се очекуваат посериозни ефекти од санкцијата со која се предвидува исклучување на дел од банките од SWIFT платформата.

„Странските директни инвестиции од овие две економии учествуваат со само 0,5% во вкупните, но не се присутни во сферата на банкарскиот систем. Во овие околности, ова е предност за нашиот банкарски систем, за разлика од други економии во нашето соседство, каде има присуство на руски банки и коишто се соочуваат со одредени потешкотии поради новонастанатата состојба. Исто така, она што е важно да се потенцира во делот на платниот промет, во основа не се исклучени сите руски банки, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата. Оттаму, би посочила дека не гледаме ризици за нашиот банкарски систем и погенерално за финансискиот систем, со оглед на минималните или непостоечки врски со финансиските системи на економиите на Русија и Украина.”, вели гувернерката.

Клучни зборови

  • swift
  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Руските банки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk