Во четирите најголеми приватни здравствени установи: „Аџибадем Систина“, „Ремедика“, „Неуромедика“ и „Жан Митрев клиника“, минатата година граѓаните директно, или преку здравствениот придонес во Фондот за здравствено осигурување за третмани што тој ги покрива, оставиле 80 милиони евра, покажува анализата на финансиските податоци што ја направи порталот Пари во соработка со бонитетната агенција Таргет груп и платформата БизнисМрежа.мк. Во 2021 година пак, очекувано, со оглед на се уште присутното влијание на пандемијата, во овие болници приходот бил поголем за 30-тина проценти и изнесувал над 106 милиони евра.
Приватните здравствени установи ги крпат дупките во јавниот здравствен систем. Дел од граѓаните таму одат затоа што сметаат дека ќе им се понуди поефикасна здравствена заштита, а дел затоа што не може да си обезбедат термин за преглед „на државно“.
Податоците зборуваат дека најголем интерес имало за преглед и интервенција во „Систина“ која остварила приход од 50,6 милиони евра, но тоа е 19 проценти помалку во однос на приходите од 2021 година кога биле 62,2 милиони. Најголем дел од падот на приходите се должи на капитална добивка од продажба на удел оств…