Револуционерен потег планира Народната банка со драстично намалување на банкарските провизии за меѓународни плаќања. Можеби токму тоа е причината што надлежните од централната банка многу рано почнаа да го „рекламираат“ СЕПА режимот во земјава, иако Македонија сѐ уште е многу далеку од зачленување во таканаречената Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).
НБРМ сака да зборува за СЕПА затоа што преку овој режим на плаќања сака да ги натера банките во земјава неколкукратно да ги намалат провизиите за меѓународни безготовински плаќања во евра. Односно да ги сведат на нивото на провизиите за домашниот платен промет во денари. Анализата што ја направи порталот „Пари“ е со цел да се појасни – што значи ова.
Ако сега банките им наплаќаат на граѓаните минимум 300 денари за девизни дознаки во странство, во иднина, кога ќе бидат дел од СЕПА режимот, ќе треба да им наплаќаат 45-50 денари! Овие бројки ги земавме од сегашното ниво на надоместоците што ги наплаќаат банките.
Како стојат работите со актуелните тарифници на банките? На пример, една од најголемите банки во земјава наплаќа од 50 до 250 денари з…