Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоБизнис

НБ на конференцијата „Финансиските пазари во Црна Гора“: Ефикасните и сигурните платни системи ги олеснуваат паричните текови

27 окт. 2023 г.·2 мин читање·562 прегледи

Следете не на Viber

Придобивките и предизвиците од пристапувањето на земјите од Јужна и Источна Европа во Единствената европска платежна област (СЕПА), беа тема на панел-дискусијата што се одржа во рамките на меѓународната конференција „Финансиските пазари на Црна Гора“, на која учествуваше самостојната советничка во Дирекцијата за платни системи, Биљана Доновска-Гечева, како претставничка на Народната банка.

На панел-дискусијата, Доновска-Гечева ја изнесе досегашната заложба на нашата земја за унапредувања во областа на платните системи со донесувањето на Законот за платежни услуги и платните системи, нагласувајќи дека е овозможена неговата практична примена, преку сет од 26 подзаконски акти, усвоени од Народната банка. Таа се осврна на значајноста на ефикасните и сигурни платни системи како олеснувачи на трговијата и паричните текови на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека нивното интегрирање во СЕПА е од исклучително значење, имајќи го предвид можното намалување на трошоците и подобрената ефикасност на плаќањата на нивните платни системи. Оттука, беше нагласена потребата од истовремен одговор на предизвиците коишто ги носи поврзувањето со СЕПА и од постојано тежнеење кон засилување на досегашната успешна соработка на земјите од Западен Балкан, заради размена на искуства при обезбедувањето еквивалентни технички стандарди на платните системи, во согласност со стандардите примени во СЕПА, како заедничко комуницирање и пристапување кон релевантни европски институции.

На Конференцијата одржана во Подгорица, Црна Гора, посветена на пазарот на капитал, микроекономското опкружување и на плаќањата, учествуваа повеќе од 360 експерти од 15 различни земји.

 

 

Клучни зборови

  • Народна банка
  • платни системи
  • СЕПА
  • финансиски пазари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk