Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ќе се одржи националниот натпревар на Европскиот квиз на пари

22 мај 2020 г.·2 мин читање·1925 прегледи

Следете не на Viber

Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Националниот натпревар во нашата земја ќе се одржи на 29 мај, во 12 часот на македонски јазик и во 13 часот на албански јазик. Секој учесник ќе се натпреварува индивидуално, од својот дом, преку електронската платформа Kahoot!.

Право на учество во натпреварот имаат учениците од класовите пријавени од менторите на јавниот повик кој Македонската банкарска асоцијација го објави во јануари годинава, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за финансии и од Министерството за образование и наука.

Прашањата на Европскиот квиз на пари ќе бидат со понудени одговори од кои само еден е точен, a освен точноста на одговорите ќе се вреднува и брзината на натпреварувачот при одговарањето.

Македонската банкарска асоцијација ќе ги награди учениците и менторите кои ќе освојат прво, второ и трето место на националното натпреварување.

Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари во нашата земја се одржува по вторпат, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.

Од исклучително голема важност е и во ваков период, кога корона-кризата влијае на економијата, и натаму да се вложува во финансиската едукација, заради што и Македонската банкарска асоцијација и сите институции коишто учествуваат и го поддржуваат одржувањето на Европскиот квиз на парите во нашата земја продолжуваат со своите активности во оваа сфера.

Клучни зборови

  • јавен повик
  • Македонската банкарска асоцијација (МБА)
  • ментори
  • натпревар
  • образование
  • ученици
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk