Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА: Опозицијата бара оставка на владата на Еди Рама, полицијата употреби водени топови и солзавец

18 апр. 2026 г.·2 мин читање·2218 прегледи

Следете не на Viber

Со солзавец и водени топови албанската полиција синоќа се обиде да ги растера демонстрантите откако протестите на опозицијата во Тирана ескалираа, а дел од учесниците ја таргетираа канцеларијата на премиерот со Молотови коктели. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, формирање на привремена влада и предвремени избори.

Илјадници луѓе се придружија на првичниот протест во главниот град, пред некои од демонстрантите да испукаат огномет кон владина зграда.

Десетици луѓе биле уапсени за време на 7-миот протест на опозицијата. Протестот беше проследен со тензии и судири меѓу полицајците, демонстрантите и пратениците на опозицијата.

Неколку од пратениците завршија во болница од повреди здобиени од солзавецот.Опозицијата ги обвини премиерот Еди Рама и началниците на полицијата за насилството извршено врз демонстрантите.

Ова е седмиот по ред протест организиран од опозицијата, со кој се бараше смена на премиерот Еди Рама. Немирите се поттикнати од обвинувања за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку. На сега веќе месечните митинзи во Тирана се бара формирање привремена влада, која би ја водела земјата кон предвремени избори.

На 26 февруари, премиерот Еди Рама ја разреши Балуку од владини позиции. Сепак, има сè поголеми барања пратениците да го укинат нејзиниот имунитет од кривично гонење, што може да се направи само со гласање во парламентот. Обвинителите за антикорупција ја обвинија Балуку, која е и министерка за енергетика и инфраструктура, за мешање во јавните набавки за градежни проекти со цел фаворизирање на одредени компании и побараа да се укине нејзиниот имунитет.

Министерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари реагираше на протестот на опозицијата. „Честитки до државната полиција за професионалниот одговор, самоограничувањето и непосредното неутрализирање на молотовите коктели што се користеа како топовско месо за палење на градот, оцрнување на земјата и загрозување на животите на униформираните полицајци.“

Албанија нема да биде заложник на малцинство кое не се двоуми да користи малолетници за палење и криење на својот неуспех.

„Помеѓу оние што ја градат европската иднина на земјата и оние што сакаат да ја запалат, изборот сега е јасен за сите Албанци“, пишува Ламалари.

(Фото: Gazeta Express)

Клучни зборови

  • протести
  • тирана
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk