Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Нарoдната банка втора година по ред го поддржува нашиот тим за учество на Меѓународната економска олимпијада

19 јул. 2024 г.·2 мин читање·863 прегледи

Следете не на Viber

Јакнењето на финансиската писменост на населението во нашата земја е приоритет за Народната банка, којашто презема едукативни активности за различни возрасни групи. Меѓу нив е и поддршката којашто втора година по ред ја обезбедува централната банка, преку подготовка на наши ученици, претставници на Меѓународната економска олимпијада.

Народната банка одржа серија предавања за учениците, наши претставници на овогодишната олимпијада: Миша Веселински, ученичка во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,  Сара Тошевска, од трета година и Никола Бојчев, од втора година во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје, како и Јован Оџаков, ученик во втора година во СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија. Беа одржани презентации на стручни теми и беше одржан виртуелен квиз од страна на вработени од Дирекцијата за монетарна политика и истражување, Дирекцијата за статистика и Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка. Учениците и нивните ментори имаа можност да го посетат и Музејот на Народната банка и притоа да се запознаат со богатата нумизматичка збирка на монети коишто се користеле на територијата на нашата земја од најстари времиња до денес.

Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средните училишта, којшто се одржува од 2018 година наваму, а годинава ќе се одржи од 22 до 31 јули во Хонг Конг. Целта на овој настан е преку натпревар да се зајакнат знаењата на учениците од областа на економијата и да се поттикне натпреварувачкиот дух и меѓународното поврзување на учесниците. Минатата година, нашиот учесник на Меѓународната економска олимпијада освои бронзен медал.

Предавањата и активностите одржани во централната банка се во рамките на Меморандумот за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Меѓународната економска олимпијада, склучен помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари. Целта на соработката со Сојузот на математичари е откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух кај учениците со особен талент и знаења од областа на економијата, финансиите и бизнисот.

Клучни зборови

  • економска олимпијада
  • Нарoдна банка
  • финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk