Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка со апел до граѓаните како да постапуваат при неопходна посета на банка

9 апр. 2020 г.·3 мин читање·86 прегледи

Следете не на Viber

Заради заштита на јавното здравје, Народната банка апелира до граѓаните:

  • Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно;
  • Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите. Во овој термин да се даде приоритет на повозрасните граѓани коишто имаат неопходна потреба од банкарски услуги, тоа да го сторат навремено и без да се загрози нивното здравје. Граѓаните коишто се во други возрасни групи, доколку имаат неодложна потреба од посета на банките, тоа да го сторат пред 10 или по 12 часот;
  • При една посета да се реализираат сите банкарски услуги за коишто клиентот смета дека е потребно физичко присуство во филијалите и експозитурите;
  • Да се настојува што повеќе да се користат услугите за електронско и мобилно банкарство;
  • Доколку имате неопходност од посета на филијалите и експозитурите на банките, замолуваме да се почитуваат препораките за соодветна раздалеченост и за самозаштита;
  • Да се почитуваат насоките дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите да не се загрози здравјето;
  • Секаде каде што е можно, при плаќање да се користат платежните картички.

Народната банка е во интензивна комуникација со банките, со конкретни предлози и решенија за да се надминат проблемите коишто беа актуелни изминатите денови, кога при исплатата на пензии и на социјална помош, бројот на граѓаните коишто ги посетуваат филијалите и експозитурите е зголемен. Истовремено, за овие предлози и решенија НБРСМ веќе дискутира и со претставници на локалната самоуправа и на општинските кризни штабови, за да се примени пристап којшто ќе даде најдобар и најефикасен резултат.

Како централна банка, НБРСМ максимално се заложува за системско решение коешто ќе биде спроведено за организирање на работата на банките при следните исплати на пензии и на социјална помош, процесот да се одвива поефикасно и без проблеми како во текот на изминатите неколку дена.

Граѓаните коишто се корисници на пензија и на социјална помош, пред следните исплати, навремено ќе бидат известени на организацијата на работата на банките.

Народната банка апелира во текот на претстојниот период, сите граѓани да се придржуваат до препораките за соодветно користење на банкарските услуги без да се загрози јавното здравје.

Клучни зборови

  • коронавирус
  • Народна банка
  • Народна банка НБРСМ
  • НБРМ апелира
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk