Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка продолжува со финансиската едукација преку нов циклус предавања

14 фев. 2025 г.·2 мин читање·815 прегледи

Следете не на Viber

Со почетокот на второто полугодие од учебната година, започнува и новиот циклус предавања на Народната банка од областа на финансиската едукација. Во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите граѓани. Токму затоа, финансиската едукација е дел од стратегиските цели на Народната банка, којашто преку обезбедување непрекинатост во процесот и постојано зголемување на опфатот на населението од различни целни групи, цели кон унапредување на финансиската писменост во земјава.

Во изминатите години, Народната банка преку активностите за унапредување на финансиската писменост, има одржано едукативни предавања за над 25.550 граѓани, од различни возрасти и образование, а исто така има изработено и голем број едукативни материјали во печатена и електронска форма, игра, квизови, инфографики и др.  Интересот кај учениците за посета на Народната банка од година в година бележи раст, а се зголемува интересот и кај повозрасните граѓани за финансиска едукација.

За закажување предавање во делот на финансиската едукација, наставниците и професорите од основните и средните училишта и од факултетите треба да го пополнат формуларот којшто може да го најдат на страницата за финансиска едукација на Народната банка https://www.nbrm.mk/finansiska-edukacija.nspx и да го достават на е-адресата edukacija@nbrm.mk , по што ќе бидат побарани за организација на предавањето. Предавањата се изведуваат на македонски, албански и на англиски јазик.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk