Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка постојано го зголемува опфатот на лица и теми во финансиската едукација, 200 лица едуцирани во Глобалната недела на парите

27 мар. 2024 г.·2 мин читање·1186 прегледи

Следете не на Viber

Преку постојано одржување обуки и други активности за финансиска едукација и зголемување на свесноста на населението за нејзиното значење, Народната банка придонесува кон подигнувањето на нивото на финансиската писменост во земјава. Минатата година со процесот на финансиска едукација беа опфатени 1.644 лица − ученици од основното и средното образование, студенти, деца од предучилишна возраст, ученици со посебни потреби, професори, наставници, како и пензионирани лица. Народната банка настојува едукативните активности да ги опфаќаат потребите на населението и трендовите во финансиите, па оттука минатата година беа објавени две едукативни брошури: „Платежната сметка со основни функции“ и „Безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги“. Годинава, тимот за финансиска едукација на Народната банка продолжува со амбициозната програма, со тоа што само за време на Глобалната недела на парите беа одржани предавања за околу 200 слушатели.

Народната банка од 2013 година постојано придонесува кон јакнење на финансиската писменост во земјава. Во овој период се изработени голем број едукативни материјали и се одржани 528 поединечни предавања за основното и средното образование, како и 44 поединечни предавања на факултетите, за околу 22.000 лица. Организирани се и голем број настани и јавни настапи за зголемување на свеста за значењето на финансиската писменост на населението за подобар економски напредок. Финансиската писменост во 2022 година беше вклучена во стратегиските цели на Народната банка, а во 2021 беше донесена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Деловните банки, како и граѓанскиот сектор, исто така, ги зголемуваат своите едукативни активности од година во година што е во прилог на донесената стратегија.

Сите заинтересирани установи за одржување предавања од областа на финансиската едукација може да го пополнат формуларот на интернет-страницата на Народната банка во делот „финансиска едукација“ (https://www.nbrm.mk/baranje-za-e-predavanje-fin-edu.nspx).

Клучни зборови

  • Народна банка
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk