Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Нарoдната банка: Македонскиот тим се врати со бронза од Меѓународната економска олимпијада

4 авг. 2023 г.·2 мин читање·1035 прегледи

Следете не на Viber

Заради јакнење на финансиската писменост на населението од сите старосни категории и профили, Народната банка презема иницијативи и активности на повеќе полиња. Меѓу нив е и поддршката преку подготовка на нашите ученици претставници на Меѓународната економска олимпијада, од кои ученикот Давид Ставров освои бронзен медал. Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средните училишта, а се одржува од 2018. Годинава се одржа од 25 јули до 2 август во Грција. Целта на овој настан е преку натпревар да се зајакнат знаењата на учениците од областа на економијата, а воедно да се поттикне и натпреварувачкиот дух и меѓународното поврзување на младите.

Наши претставници на овогодишната олимпијада, покрај Ставров, кој е ученик во IV година во ПСУ „Алгоритам“ Скопје, се и Стефанија Кузмановска, III година во Математичко-информатичката гимназија, Скопје; Рина Толева и Давид Арсовски, и двајцата IV година во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Скопје. Овие ученици освоија најдобри резултати на Државната економска олимпијада, која се одржа на 31 мај, наменета за поттикнување и продлабочување на знаењата кај младите од областа на економијата, финансиите, бизнисот и примената на математичките модели во економијата.

Народната банка зеде активно учество во подготвителните активности на учениците за учество на Олимпијадата, преку одржување серија предавања за учениците во просториите на централната банка: „Да се запознаеме со Народната банка“, „Монетарна политика“, „Лични финансии“, „Платежни инструменти – Современи начини на плаќање“, „Анализа на економските показатели со посебен осврт на коефициентот на Џини“, како и дополнителни презентации според барањата на учениците за дополнување на знаењата и одговори на разните модули на вежби и едукативни игри за Олимпијадата. Овие предавања се дел од потпишаниот Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Меѓународната економска олимпијада, помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари. Целта на соработката со Сојузот е откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух на учениците со особен талент и знаења од областа на економијата, финансиите и бизнисот.

Клучни зборови

  • Нарoдна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk