Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка и централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети

17 јул. 2025 г.·3 мин читање·3047 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со г. Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење.

На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во делот на размената на експертиза и практики што придонесуваат за градење отпорни институции и приближување до европските регулативи и стандарди. Поддршката којашто Народната банка ја добива од централната банка на Германија е од голема важност во процесот на модернизација и унапредување на експертските и техничките капацитети.

Гувернерот Славески истакна дека Народната банка е целосно посветена на усогласувањето на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија, при што особено важна е соработката со централната банка на Германија.

„Европските перспективи се од големо стратегиско значење за Народната банка, којашто посветено работи на реформски програми и на други стратегиски документи поврзани со интеграцијата во ЕУ. Народната банка постојано се стреми кон навремено воведување на европските стандарди во доменот на финансискиот систем. За овој факт се свесни и релевантните европски институции, коишто ја оценуваат како високо усогласена во подрачјата што се во нејзина надлежност”, посочи гувернерот Славески.

Тој додаде дека Народната банка во изминатите години се профилира како модерна институција со силен капацитет и подготвеност за придружување кон европското семејство. На средбата беше заеднички оценето дека европската регулатива постојано се унапредува, поради што е неопходно следење и применување на најновите регулативни измени и практики.

Во рамките на досегашната соработка, Народната банка и централната банка на Германија остварија бројни активности насочени кон размена на искуства, унапредување на аналитичките алатки и примена на најдобрите меѓународни и европски практики. Покрај обезбедувањето билатерална поддршка, централната банка на Германија е и главен носител на техничката помош од Европскиот систем на централни банки за централните банки од регионот, па во моментов се заокружува втората фаза од оваа помош. Оваа соработка придонесе за натамошно зацврстување на капацитетите на Народната банка, во сите области на работењето.

Балц изрази благодарност за долгогодишната лојална соработка на Народната банка со централната банка на Германија и особено го истакна активниот придонес на Народната банка за напредокот на проектот Западен Балкан во фазата III. Тој нагласи дека регионалната соработка меѓу централните банки и органите за супервизија на банките на Западен Балкан се покажа како ефикасна алатка за усогласување со стандардите на ЕУ и со најдобрите практики на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

Клучни зборови

  • г. Бурхард Балц
  • д-р Трајко Славески
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk