Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка: Поскапеле новите кредити во април

1 јун. 2021 г.·2 мин читање·1471 прегледи

Следете не на Viber

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во април, е повисока за 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,09 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,32 процентни поени, покажуват податоците од Народната банка.

Од друга страна, во однос на новопримените депозити во април, просечната каматна стапка изнесува 0,62 проценти и таа е пониска за 0,14 процентни поени во однос на март, додека на годишна основа бележи минимален месечен раст од 0,01 процентен поен.

Но, ако се земе предвид вкупната просечна каматна стапка на вкупните кредити во април, таа се намалила во однос на претходниот месец, како и во однос на истиот месец минатата година. Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во април била 4,58 проценти и остварила минимален месечен пад од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа е намалена за 0,28 процентни поени

Во однос на вкупните депозити, тие на месечно ниво бележат минимален раст, а на годишно одреден пад. Така, просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимален месечен раст од 0,01 процентни поени и изнесува 0,9 проценти. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,21 процентни поени.

Клучни зборови

  • април
  • каматни стапки
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk