Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка − СЗПМ: Платежната сметка со основни функции погодна зa пензионерите

5 јул. 2024 г.·3 мин читање·1081 прегледи

Следете не на Viber

Пензионерите може да отворат платежна сметка со основни функции кај банките, која нуди повеќе придобивки, како што се ниските трошоци за одржување. И, со можност за користење релативно широк сет платежни услуги од банките, за надомест кој во моментов не може да надмине 38 денари, што е од големо значење за намалување на финансискиот товар на пензионерите. Ова беше нагласено при средбата на претставниците на Народната банка, предводени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова и со останатите претставници на Сојузот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја истакна важноста на поблиската соработка со здруженијата на пензионерите, заради заштита на нивните права како корисници на платежните услуги и нивно информирање за новините и погодностите коишто ги нуди новата законска рамка во оваа сфера. 

Во рамките на посетата на СЗПМ, заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, Биљана Доновска-Гечева, одржа презентација и се осврна на карактеристиките на платежната сметка со основни функции. Таа нагласи дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за првпат во нашата земја се воведе платежна сметка за која законски е ограничена висината на надоместокот.

„За услугите што се опфатени со платежната сметка со основни функции, банката може да пресмета и да наплати вкупен месечен надомест до одредена разумна висина, којашто не смее да биде повисока од 0,1% од просекот на последните 12 месечни просечни исплатени нето-плати во земјата, според Државниот завод за статистика (или во моментов 38 денари). Овој надомест вклучува одржување на платежната сметка и дебитната картичка, онлајн користење интернет и мобилна апликација, неограничен број платежни трансакции за уплата или повлекување готовина непосредно на шалтерите во работните простории на банката или преку нејзината мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции во рамките на истата банка“, посочи Доновска-Гечева.

Имајќи го предвид сетот на платежните услуги што ги нуди и нискиот месечен надомест, платежната сметка со основни функции е особено погодна за пензионерите или за учениците и студентите кои користат државна стипендија. За потрошувачите, пак, кои ѝ припаѓаат на групата корисници на законски права, платежната сметка со основни функции е бесплатна. За отворање платежна сметка со основни функции кај банките се поднесува барање за отворање или за трансформирање на постојната.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • нбрсм
  • пензионери
  • платежна сметка
  • СЗПМ
  • Сојуз на здруженија на пензионери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk