Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка: Соработка со централната банка на Словачка за подобра заштита на потрошувачите на банкарски производи и услуги     

24 окт. 2024 г.·2 мин читање·388 прегледи

Следете не на Viber

Примената на стандардите и регулативите коишто ги применуваат централните банки во Евросистемот во доменот на заштитата на потрошувачите, како и на современите добри практики за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите во оваа област, е една од заложбите на Народната банка. За таа цел, во изминатите денови беше остварена билатерална соработка на Народната банка на Република Северна Македонија  со Народната банка на Словачка, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската Унија.

Во рамките на  експертската мисија, претставниците од Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка, заедно со експертите од Народната банка на Словачка, разменија искуства за организациската поставеност, регулативата и функционалните аспекти на процесот на заштита на потрошувачите на финансиските услуги. Експертите детално ги презентираа искуствата од воспоставената регулаторна рамка на ниво на Европската Унија и регулативата на  Народната банка на Словачка, интерните процедури на обработка на поплаките од корисниците на финансиските призводи и услуги и спроведувањето на супервизијата за заштита на потрошувачите. 

Втората фаза од Регионалната програма финансирана од Европската Унија (ЕУ) за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки на Западен Балкан е тригодишна програма којашто ја координира Германската централна банка, во партнерство со деветнаесет централни банки на Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка. За остварувањето на оваа програма, ЕУ додели 3 милиони евра од инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

Клучни зборови

  • банкарски производи и услуги
  • заштита на потрошувачи
  • Народна банка
  • Централна банка на Словачка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk