Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка: Соработка со Банката на Италија за најдобри практики во развојот на интерни софтвери

22 мар. 2024 г.·2 мин читање·1725 прегледи

Следете не на Viber

Примената на новите технологии за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите е една од заложбите на Народната банка, а воедно и усогласувањето со високите стандарди коишто во оваа сфера ги применуваат централните банки во Евросистемот. За оваа цел е започната билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската унија. Целта е преку пренесување на искуството од страна на Банката на Италија да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка.

Во рамките на првата експертска мисија, претставниците од Дирекцијата за апликации и Отсекот за надзор и ИТ-безбедност од Секторот за информатичка технологија при Народната банка, заедно со експертите од централната банка на Италија, разменија сознанија во однос на процесот на развивање апликации, стандарди, најдобри практики, процедури за функционално и безбедносно тестирање и општо, за планирањето на потребните ресурси за проектите за развивање апликации. Исто така, битна тема беше процесот на планирање на проектите коишто се поврзани со развивањето софтвер, при што од страна Народната банка беа презентирани искуството и пристапот на институцијата во однос на развивањето на софтверските решенија. Во вториот дел од билатералната мерка, ќе се истражуваат отворените прашања и ќе се обезбедат подетални презентации за практиките на развивање апликации во централната банка на Италија.

Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки на Западен Балкан е тригодишна програма којашто ја координира Бундесбанката, во партнерство со деветнаесет централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). За остварувањето на оваа програма, Европската унија (ЕУ) додели 3 милиони евра од својот инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

Клучни зборови

  • Банка на Италија
  • експертска мисија
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk