Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Народната банка објави соопштение за понатамошните активности поврзани со Еуростандард банка АД Скопје

18 авг. 2020 г.·2 мин читање·151 прегледи

Следете не на Viber

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка” АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност. Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка” АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија” дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка
  • Народна банка
  • соопштение
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk