Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка: Препораки за заштита при онлајн плаќањата

18 окт. 2023 г.·2 мин читање·616 прегледи

Следете не на Viber

Дигитализацијата носи многу погодности, но исто така и закани поврзани со кибербезбедноста. Сведоци сме дека насекаде во светот има случаи на измами поврзани со користењето дигитални услуги, токму затоа важно е граѓаните при користењето на алатките за онлајн финансиски производи и услуги, да знаат како да ги заштитат своите податоци, а со тоа и својот идентитет и имот од можни злоупотреби.

Народната банка делува проактивно, преку финансиската едукација којашто ја спроведува, придонесувајќи за подигнување на свеста на јавноста за можните опасности од споделувањето на личните податоци преку дигиталните канали и им дава совети на граѓаните за тоа како треба да ги користат придобивките од дигитализацијата, а притоа да бидат безбедни. Во европскиот месец на кибербезбедноста – октомври, Народната банка заради појаснувања на ризиците, како и мерките за претпазливост што треба да ги преземаат граѓаните за да ги ублажат или да ги отстранат несаканите последици, објави брошура „Безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги“ која може да се види ОВДЕ.

Во брошурата на систематизиран начин се објаснети повеќе препораки за безбедно користење на дигиталните финансиски производи и услуги. Граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги коишто им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, електронско банкарство, плаќање со мобилен телефон, онлајн кредит), за препораките како да се заштитат при користењето на овие услуги, како да ги заштитат своите уреди и своите лични податоци, како и за тоа што треба да преземат доколку се посомневаат во онлајн измама.

 

 

Клучни зборови

  • брошура|финансиска едукација|централна банка
  • Народна банка
  • онлајн плаќање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk