Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народна банка проектираше раст на странските директни инвестиции

12 мај 2021 г.·2 мин читање·738 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка за годинава очекува порст на странските инвестиции во земјава и постепено стабилизирање на износот на дознаките од странство, но не и дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво. За годинава проекциите  во однос на странските инвестиции се дека ќе изнесуваат 3 проценти од БДП.

-Странските директни инвестиции историски кај нас се доминатна компонента во финансиските приливи и имаат значајна улога во обезбедување на вкупен девизен потенцијал во нашата економија. Во преткризниот период тие во просек се движеа околу 3,5 проценти од БДП. Минатата година како што имаше во глобални рамки пад на странските директни инвестиции, имаше и кај нас, и тие се намалија на ниво 1,9 проценти од БДП. Оваа година во услови на проектирано глобално закрепнување во услови на проектирана глобална ликвидност меѓу меѓународните финансиски пазари што би требало да влијае на намалување на неизвесноста и да ја намали аверзијата на ризик на странските инвеститори, се очекува постепено нивно закрепнување, рече на прес-конференција гувернерката на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска. 

Таа нагласи дека за годинава тие се проектирани на ниво од околу 3 проценти од БДП, што, како што рече, значи дека веднаш не се очекува да се вратат на преткризното ниво.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • странски директни инвестиции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk