Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НАПАДОТ НА ТРАМП ВРЗ ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФЕД ги собори берзанските индекси на Волстрит

22 апр. 2025 г.·3 мин читање·1832 прегледи

Следете не на Viber

Берзанските индекси на Волстрит вчера доживејаа остар пад откако американскиот претседател Доналд Трамп со погрдни зборови го нападна претседателот на ФЕД Џером Пауел, а отворениот напад ја доведе во прашање независноста на централната банка на Соединетите Американски држави.

Инвеститорите беа потресени од жестокиот напад на Трамп врз Пауел. Индексот Dow Jones падна за 2,48 отсто, на 38.170 поени, додека S&P 500 потона за 2,36 отсто, на 5.158 поени, а индексот Nasdaq за 2,55 отсто, на 15.870 поени.

Трамп и претходно јавно го критикуваше претседателот на ФЕД и го повикуваше да ги намали каматните стапки за да го стимулира растот на економијата, но овој пат тој го нападна Пауел со погрдни зборови.

„Економијата на САД успорува ако „Господинот Предоцна“, големиот губитник, веднаш не ги намали каматните стапки“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Неодамна Пауел рече дека повисоките од очекуваните царини веројатно ќе значат повисока инфлација и побавен економски раст, па затоа, рече тој, централната банка ќе чека нови показатели пред да преземе мерки за каматните стапки.

Уште тогаш Трамп му порача дека наскоро ќе го смени од функцијата претседател на ФЕД.

Односот на Трамп кон првиот ја доведува во прашање независноста на централната банка, а навредите на Трамп го нарушуваат нејзиниот кредибилитет.

„Земјите кои имаат независни централни банки гледаат побрз економски раст, пониска инфлација – тие имаат подобар економски исход за својот народ. И политичарите кои се обидуваат да влијаат на ФЕД… тоа е навистина лоша идеја и многу страшно за пазарот“, вели Џед Елербрук, портфолио менаџер во Argent Capital Management.

Инвеститорите вчера беа вознемирени и од пораката на Кина до другите земји дека не треба да се обидуваат да постигнат трговски договор со САД на нејзина сметка. Ова на пазарот беше протолкувано како натамошна ескалација на трговската војна.

Затоа кварталните деловни резултати на компаниите се во втор план. Досега 59 компании од составот на индексот S&P 500 објавиле извештај, при што 68 отсто од нив ги надминале очекувањата во однос на заработката.

Меѓутоа, сега аналитичарите проценуваат дека заработката на компаниите во првиот квартал пораснала во просек за околу 8 отсто, додека на почетокот на кварталот очекувале раст од 12 отсто.

Во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500 вчера паднаа цените на акциите, а најмногу во потрошувачките и технолошките сектори.

Клучни зборови

  • Берза
  • берзански индекси
  • Волстрит
  • Доналд Трамп
  • ФЕД
  • Џером Пауел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk