Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

НАМЕСТО ГРАДЕЖНА ЕКСПАНЗИЈА, СЕ СЛУЧУВА ЕКСПАНЗИЈА НА ПРОБЛЕМИ: Експропријацијата ги кочи „Бехтeл и Енка“ да градат

20 авг. 2024 г.·3 мин читање·4391 прегледи

Следете не на Viber

Изградбата на автопатите кои треба да ги гради конзорциумот „Бехтел-Енка“ никако да почне. Поради техничките проблеми, проблемите со експропријација на земјиштето и сомнежите за коруптивни елементи во договорот , како и судски постапки, изградбата на делниците е неизвесна.

Неопходно е да се заврши потребната експропријација и дислокација на електричните и телекомуникациски водови, а потоа, пред Нова Година „Бехтел и Енка“ да влезат на терен со активности за изградба на коридорите 8 и 10д. Ова го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.

Како што соопшти тој, интензивно се работи на експропријации за кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните 1,3 милијарди евра за изградба на автопатиштата.

Незадоволни жители од најавите за експропирација пред неколку месеци во прилепско и гостиварско ја блокираат механизацијата.

Пред повеќе од пола година имаше „бунт“ во селата Горна и Долна Бањица кај Гостивар. Проблемот во гостиварско настана поради експропријација на ниви за потребите на изградбата.

Прилепското село Ореовец е втора локација од почетокот на 2024 година на која работата е забавена или стопирана затоа што локални жители се противат на постапки преку кои треба да се подготви теренот за градење.

Трајановски посочи дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

-Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон, а претходната влада, поставила рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е во надлежност на Македонија и не спаѓа во тие 1,3 милијарди евра, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. „Бехтал и Енка“ ќе започнат со работа откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен – објасни директорот.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ и претходната влада на Македонија на 8 март 2023 година склучија договор за изградба на четири автопатски делници (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола). Поради горкото искуство со градбата на претходните автопати, кои се градат со години и не им се гледа крајот, владата се одлучи новите патишта да се градат по принципот „клуч на рака“.

За таа цел беа сменети и неколку закони, меѓу кои и тој за експропријација, па сега постапката е забрзана. „Бехтел и Енка“ нема да мора да чекаат правосилност на одлуката за експропријација, туку може да располагаат со имотот штом одлуката за експропријација стане конечна.

Клучни зборови

  • автопат
  • Бехтал и Енка
  • Коридор 8 и 10д
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk