Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

НАЈВИСОКИ ПРОГРАМЕРСКИТЕ, НАЈНИСКИ ПЛАТИТЕ ВО ЗАШТИТНО-ИСТРАЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ, просекот покус за 266 денари

24 апр. 2024 г.·3 мин читање·4419 прегледи

Следете не на Viber

За еден месец просекот на примањата се намалил за 266 денари. Во февруари статистиката пресметала дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 39.276 денари. Во јануари се зборуваше за 39.542 денари. Или, индексот е 116.5.

Податоците на Државниот завод за статистик велат дека позитивните движења произлегуваат од зголемениот просек на исплатените плати во секторите јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,9 %), административни и помошни услужни дејности (22,5 %) и уметност, забава и рекреација (20,4 %).

Месечно намалување, пак, има во транспорт и складирање (10,1 %), рударство и вадење на камен (7,2 %) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 %).

Вообичаено, највисоки се платите на програмерите, со просек од 93.852 денари. На долната линија се вработените во заштитните и истражните дејности со просечни 22.702 денари кои, всушност, се на нивотo на минималната плата – 22.567 денари.

Гледано по сектори, најнизок е просекот во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во  рибарство и аквакултура. Во групата потпросечни се и примањата во административни и помошни услужни дејности – 31.441, во кои спаѓаат и веќе соменатите заштитни и истражни дејности. Тука е и преработувачката индустрија со просекот од 34.036 денари, врз чие формирање, меѓу другите, влијаат кожарите со најниските просечни 24.036 и фармацијата со највисоките 61.020 денари.

Следуваат транспорт и складирање со 35.641 денар, каде што нивото го крева просечната плата исплатена во воздухопловниот транспорт од 68.356 денари.

Во дејности во врска со недвижен имот февруарскиот просек е 35.889 денари, во трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – 36.080, во градежништвото 37.637, во уметност, забава и рекреација – 38.405 и во образованието – 38.571 денар. Или, тоа се 11 сектори со потпросечен просек.

Од друга страна, просечната плата во осум сектори ја надминува линијата на февруарскиот нето-просек.

Се работи за дејности на здравствена и социјална заштита со 42.331 денар, јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување со 42.583, други услужни дејности со 44.852 денари. Според висината на исплатената просечна плата следуваат стручни, научни и технички дејности – 44.909 денари, каде што најслабо стојат ветеринарните дејности со 26.526 денари. Во рударство и вадење на камен просекот е 47.287 денари, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 52.221, а во финансиски дејности и дејности на осигурување – 54.013 денари.

Како и секогаш, највисок просек на исплатена плата има во секторот информации и комуникации, каде што статистиката за февруари забележала 75.760 денари. Во тие рамки се и програмерите, подведени под компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечни 93.852 денари. Во ова друштво најнизок е просекот во издавачката дејност, од 34.681 денар.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • највисока просечна плата
  • најниска просечна плата
  • просечна нето плата
  • статистика за февруари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk