За десет години просечната нето плата на ниво на држава пораснала за 12,154 денари. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика ако се земе во предвид последната објавена статистика за просечната нето плата за месец ноември 2022-ра и истиот месец во 2012-тата година. Бројките покажуваат дека просечната нето плата како што објави деновиве Заводот изнесувала 33,011 денари. Во ноември пред десет година пак, била пресметана просечна плата од 20,857 денари.
Ако се направи споредба на просечни плати по професии интересно е дека поголемиот дел од платите се движеле во нагорна линија, но има и такви чии просек сега е понизок од пред десет години. Исто така, ако програмерите се оние кои што сега живеат најудобен живот од своите плати, сликата не била иста во 2012 година.
Кои се професиите кои на нашите сограѓани им обезбедиле европски плати и удобства за по…