Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја објави најновата статистика за пензиите за месец февруари. Податоците покажуваат дека вкупниот број на пензионери во вториот месец од 2022 година изнесува 326 646 пензионери. Просечната пензија во февруари изнесувала 16.293 денари.
Од вкупниот број на пензионери 325 636 добиле пензија врз основа на работно право, 940 се запишани како воени пензионери и 70 лица се корисници врз основа на земјоделско право. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.472 денари, највисока воената од 23.576 денари. Просечната семејна пензија изнесува 13.031 денар, инвалидската 14.657 денари, старосната 17.592 денари.
Статистиката на ПИОМ покажува огромен јаз меѓу примањата на пензионерите
Најголемиот дел од нив земаат пензија што спаѓа во највисоката квота или пак во најниската. Податоците говорат 101.328 пензионери, што е…